Од 18-24.03.2021 година во Ал Аин, ОАЕ, по повеќе од една година, се одржа Светски куп во стрелаштво на кој за жал не настапија македонските параолимпијци. На светскиот куп учествуваа 120 спортисти од 24 држави, а беа постигнати и еден финален светски рекорд во дисциплината П4, еден изедначен финален рекорд во дисциплината П2-воздушен пиштол жени, како и нов светски рекорд во квалификации во дисциплината П2-воздушен пиштол жени.
Иранската параолимписка ѕвезда Саре Јаванмарди, на првиот меѓународен настан по повеќе од една година јасно ги кажа своите намери за освојување на титулата на Параолимписките игри во Токио 2020 година. Јаванмарди покажа силна форма за натпреварување и во дисциплината P2 -воздушен пиштол жени, најнапред постави нов светски рекорд во квалификациите стрелајќи 580 кругови со што го подобри својот претходен рекорд од 577 постигнат на натпреварот во Ал Аин 2019 година. Потоа, во финалето на истата дисципина, ја совлада турчинката Aysegul Pehlivanlar, израмнувајќи го светскиот рекорд поставен во Осиек 2017 година со резултат 237,7 кругови. Трикратната светска и двократната параолимписка шампионка ја совлада Пеливалар со 6,2 поени разлика, додека унгарката Кристина Давид го освои бронзениот медал.
„Многу сум среќна што го освоив златото тука. Помина скоро една и пол година од нашето учество на Светското првенство во Сиднеј 2019 година. Во последната година, светот на спортот се соочи со предизвикувачки времиња и спортистите не можеа да присуствуваат на натпревари поради пандемијата. Би сакала да им се заблагодарам на организаторите на Ал Аин, на Светскиот стрелачки пара спорт, Азискиот параолимписки комитет и НПЦ Иран што ни дадоа можност да учествуваме на оваа висококвалитетна манифестација. Не знам дали другите земји ќе организираат понатамошни настани со сличен висок квалитет, сепак, се надевам дека тоа ќе го сторат пред да се одржи Токио 2020 што ќе биде важно за нашата подготовка за игрите“ -рече Јаванмарди.

Тинејџерската сензација од Индија, Маниш Нарвал, го украде шоуто во Ал Аин постигнувајќи нов светски рекорд на патот кон освојување на златото во дисциплината П4-малокалибарски пиштол слободен избор 50 метри, току денес среда (24 март) во предвечерјето на паѓањето на завесите на Светскиот куп во стрелаштво во Ал Аин 2021 година.
Нарвал, носител на бронзениот медал на Светскиот шампионат во Сиднеј 2019, го надмина на натпреварувачкото поле параолимпискиот и светски шампион, иранката Сарех Јаванмарди и украинецот Олексиј Денишјук, победувајќи со резултат од 229,1 кругови, доволно за да го сруши претходниот светски рекорд на србинот Растко Јокиќ (228,6) поставен во 2019 година во Осијек.
„Се чувствувам многу задоволен што го освоив златото со нов светски рекорд овде. Ова ќе придонесе за подобрување на мојата подготовка за игрите во Токио 2020 година. Среќен сум што можев да стрелам според планираното и според мојата тренажна рутина”-рече скромниот Нарвал.
19-годишниот Нарвал стрелаше за 5,7 поени подобро од вицешампионката Јаванмарди, која е трикратен светски и двократен параолимписки шампион. Третото место го освои неговиот сонародник Синграј.
Комплетни резултати од овој натпревар можете да пребарате на следниот линк: https://www.paralympic.org/shooting/results
Поврзани објави
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024