Во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија, на 31.08.2019 година започна Лигата во пинг понг за сортисти со телесен инвалидитет на Македонија за 2019 година.
Во лигата ќе учествуваат 6 екипи и тоа: ССРИ Куманово, ССРИ Прилеп, ССРИ Кисела Вода-Скопје, ССРИ Битола, ССРИ Велес и ССРИ Скопје II.
По извршеното жребање редоследот на екипите е следен: 1.ССРИ Скопје II, 2.ССРИ Прилеп; 3.ССРИ Велес; 4.ССРИ Битола; 5.ССРИ Кисела Вода; 6.ССРИ Куманово. Редоследот на колата ќе биде согласно Бергеровата таблица за учество на 6 екипи на натпревари.
Беше одлучено да се направи последен обид на лигата да и се приклучат и ССРИ Струмица и ССРИ Охрид. Доколку во следните 7 дена не се постигне согласност, лигата ќе се одржи со 6 екипи.
Лигата ќе се игра турнирски, двокружно и ќе се одиграат вкупно 10 кола пред да се прогласи победникот на лигата. Во составот на екипата се 2 играчи и еден резервен играч, а на крајот на лигата најдобриот клуб ќе добие пехар, а пингпонгарите на најдобрите 3 клуба златни, сребрени и бронзени медали. Комесар на лигата е Драган Дојчиноски-генерален секретар на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија
По извршеното жребање, беа одиграни првото и второто коло и беа постигнати следните резултати:
I коло
ССРИ Скопје II : ССРИ Куманово 0:3
ССРИ Прилеп : ССРИ Кисела Вода 3:2
ССРИ Велес : ССРИ Битола 1:3
II коло
ССРИ Куманово : ССРИ Битола (одложена)
ССРИ Кисела Вода : ССРИ Велес 3:0
ССРИ Скопје II : ССРИ Прилеп 0:3
По одиграните 2 кола табелата изгледа вака:
- ССРИ Прилеп (6:2) 4 бодови
- ССРИ Куманово (3:0) 2 бодови (-1 натпревар)
- ССРИ Кисела Вода (5:3) 2 бодови
- ССРИ Битола (3:1) 2 бодови (-1 натпревар)
- ССРИ Велес (1:6) 0 бодови
- ССРИ Скопје II (0:6) 0 бодови
Поврзани објави
ЕКИПНО БРОНЗЕН МЕДАЛ ВО КЛАСА 6-7 ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ И МАРЈАН ЗАФИРОВСКИ
БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПИНГ ПОНГ ТУРНИР „ПОДГОРИЦА ОПЕН 2024“
МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2024”