ПИНГ ПОНГ – МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО СТРУГА
TABLE TENNIS-INTERNATIONAL TURNAMENT IN STRUGA
На 07-08.06.2019 година во салата на ОУ Нико Нестор во Струга, во организација на Македонскиот параолимиски комитет и соорганизација на Мобилност Македонија, се одржа меѓународен турнир во пинг понг на кој учествуваа 30 натпреварувачи од Хрватска, Србија, Бугарија и домаќинот Македонија.
Во фер и коректна борба, првиот ден се играа индивидуалните натпревари, додека вториот натпреварувачки ден беше резервиран за екипните натпревари.
Заради недоволен број на играчи по класи, неа споени групи, а во екипниот дел беа составени и неколку тимови со натпреварувачи од две држави.
Спортистите покажаа завидно ниво на игра, многу натпревари завршија со тесен резултат при што нијанси одлучуваа (а малку и спортска среќа) победата да ја однесе едниот или другиот натпреварувач, едната или другата екипа.
Честитки до сите играчи за фер плеј играта, а на крајот, најдобрите се закитија со медали и дипломи.
ЕКИПНО
Класа 2-5
- Србија (Милош Стојиљковиќ / Братислав Костиќ)
- Србија-Црна Гора (Небојша Илиќ / Самра Којиќ)
- Македонија (Зоран Јовановски / Васил Росомански)
Класа 6-8
- Македонија 3 (Тони Митровски / Игорчо Постолов)
- Македонија 1 (Рубинчо Ристески / Марјан Зафировски)
- Црна Гора (Милијана Ќирковиќ / Ѓуро Кривокапиќ)
- Србија-Бугарија (Милован .Јаниќијевиќ / Омар Касас)
- Бугарија (Џејхан Ташчт / Сашо Зоев)
- Македонија 2 (Томи Јаневски / Васко Стефаноски)
Класа 9-10
- Македонија/Црна Гора (Страшко Коцевски / Дејан Башановиќ)
- Хрватска 2 (Ивана Медведовиќ / Сњежана Ивичевиќ)
- Хрватска 1 (Томислав Блажевиќ / Горан Велјковиќ)
- Македонија (Зоран Трајановски / Дејан Алексовски)
Меѓународно поединечно првенство
МАЖИ КЛАСИ 3-5
- Небојша Илиќ – Србија
- Милош Стојиљковиќ – Србија
- Самра Којиќ – Црна Гора
- Зоран Јовановски – Македонија
- Братислав Костиќ – Србија
- Васил Росомански – Кавадарци
МАЖИ КЛАСИ 6-8
- Милован Јаниќијевиќ – Србија
- Рубинчо Ристески – Македонија
- Горан Вељковиќ – Хрватска
- Ѓуро Кривокапиќ – Црна Гора
- Игор Постолов – Струмица
- Тони Митровски – Скопје
- Урош Гугољ – Црна Гора
- Сашо Зоев – Бугарија
- Џејхан Ташчт – Бугарија
- Томи Јаневски – Битола
- Марјан Зафировски – Македонија
- Омар Касас – Бугарија
МАЖИ КЛАСИ 9-10
- Томислав Блажевиќ – Хрватска
- Дејан Башановиќ – Црна Гора
- Страшко Коцевски – Македонија
- Дејан Алексаовски – Македонија
- Зоран Трајановски – Скопје
ЖЕНИ КЛАСА 6-10
- Ивана Медведовиќ – Хрватска
- Сњежана Ивчевиќ – Хрватска
- Милијана Ќирковиќ – Црна Гора
- Олга Ристовска – Македонија
- Наташа Црвенковска – Македонија
Настанот беше финансиран од средства од игри на среќа обезбедени преку Министерство за труд и социјална политика
Поврзани објави
РУБИНЧО РИСТЕСКИ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА 8. МЕЃУНАРОДЕН ПИНГПОНГ ФЕСТИВАЛ ВО ЛЕРИН, ГРЦИЈА
МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ УЧЕСТВУВААТ НА 8th INTERNATIONAL TABLE TENNIS FESTIVAL FLORINA, GREECE
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НАСТАПИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР “VARNA SEAGULL CUP”