НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Заеднички подготовки

Заеднички подготовки на Македонската и Српската репрезентација во пинг-понг

Репрезентацијата на Сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија во пинг понг во состав: Страшко Коцевски (класа 10), Томи Јаневски (класа 7), Миодраг Игњатовиќ (класа 3) и Трајче Стојановски (класа 3) од 01-05.04.2009 година учествуваше на заеднички подготовки со пингпонгарската репрезентација на Србија во спортскиот комплекс “СПЕНС” во Нови Сад. Овие подготовки беа во склоп на воспоставената соработка на база на реципроцитет која сојузите на нашите две соседни држави ја воспоставија минатата година за време на одржување на јубилејните 20-ти Републички спортски игри на телесните инвалиди на Македонија што се одржаа во Струга.

Селекторот на репрезентацијата на Србија во пинг понг, прославениот ас Златко Кеслер кој во својата богата кариера има освоено колекција на сите медали од параолимписки игри, светски и европски првенства, на подготовки повика повеќе натпреварувачи и тоа: Борислава Периќ, Нада Матиќ, Зорица Попадиќ, Сања Митровиќ, Зоран Матиќ, Митар Паликуќа, Горан Шеховац и Будимир Малешиќ кои тренираат под стручно раководство на тренерите Фрањо Кеслер и Ѓорѓе Бошњаковиќ. Заради приватни обврски, вториот по ранг играч на репрезентацијата на Србија, Илија Ѓурашиновиќ, не беше присутен на подготовките.
Нашите учесници беа сместени во изнајмена куќа (две соби и купатило) која пингпонгарскиот клуб на инвалидите од Нови Сад ја користи и како канцелариски простор. Истиот ден на пристигнувањето во попладневните часови започна и првиот тренинг и тоа не било каде, туку во пингпонгарската сала на “СПЕНС”, во која инвалидите имаат резервирано бесплатно два термина дневно од 9,30-12,00 часот и од 15,00-17,00 часот секој работен ден во неделата. Ова им го овозможува градот Нови Сад заради заслугите и бројните медали од сите рангови на натпреварување што ги имаат освоено пред се Златко Кеслер, но и Илија Ѓурашиновиќ и Борислава Периќ.
Во старт беше јасно дека квалитетот што го има репрезентацијата на Србија во пинг понг е далеку над оној што го имаат нашите спортисти. Заради тоа воопшто не се оптеретувавме со императивот на победа, иако нашите спортисти на сите контролни натпревари даваа се од себе за да постигнат што е можно подобар резултат. Меѓутоа, вистинска корист добивме од согледување на организацијата на работата и трудот кој пингпонгарите го вложуваат за да постигнат високи резултати. Некои од нив патуваат и по повеќе од 50 км дневно за да присуствуваат на тренинг. Сите спортисти, и првотимците и останатите тренираат два пати дневно, со ангажирани стручни кадри – тренери, под контрола и со консултација на лекари, класификатории, судии, со еден збор кажано комплетен тим за комплетен успех.
Во договор со селекторот Кеслер, два попладневни тренинг нашите спортисти Миодраг Игњатовиќ и Трајче Стојановски ги одработија со тренерот Ѓорѓе Бошњаковиќ кој се обиде да им исправи дел од грешките во пристапот на играта и во изведувањето на ударите, и им покажа дел од тренажни задачи кои треба да ги практикуваат во претстојниот период. Навистина великодушно од него. Нашите спортисти беа позитивно изненадени од функционалноста на советите и од “инстант” подобрување на нивната игра, што само докажува колку е значајно и неопходно да се има тренер во тренажниот процес.
За време на подготовките нашите репрезентативци одиграа и два контролни натпревари со “А” и “Б” репрезентацијата на Србија. Се играше во три добиени сета, секој со секого и во парови. Најнапред, на 02.04.2009 година се одигра натпреварот со “А” репрезентацијата на Србија (мажи и жени класа 3) и тоа во пингпонгарската сала на СПЕНС (спортски комплекс во Нови Сад). Тоа всушност беа четири натпревари и тоа:

Србија А (мажи класа 3) : Македонија (мажи класа 3) = 5:0

 

Србија (класа 3): Златко Кеслер и Зоран Матиќ

 

Македонија (класа 3): Миодраг Игњатовиќ и Трајче Стојановски
З.Кеслер : М.Игњатовиќ 3:0
З.Матиќ : Т.Стојановски 3:0
З.Кеслер-З.Матиќ : М.Игњатовиќ-Т.Стојановски 3:0
З.Кеслер : Т.Стојановски 3:0
З.Матиќ : М.Игњатовиќ 3:0

Србија А (жени класа 3) : Македонија (мажи класа 3) = 5:0

 

Србија (класа 3): Борислава Периќ и Нада Матиќ

 

Македонија (класа 3): Миодраг Игњатовиќ и Трајче Стојановски
Б.Периќ : М.Игњатовиќ 3:0
Н.Матиќ : Т.Стојановски 3:1
Б.Периќ-Н.Матиќ : М.Игњатовиќ-Т.Стојановски 3:0
Б.Периќ : Т.Стојановски 3:0
Н.Матиќ : М.Игњатовиќ 3:0

Србија А (мажи класа 3) : Македонија (мажи класа 7-10) = 5:0

 

Србија (класа 3): Златко Кеслер и Зоран Матиќ

 

Македонија (класа 7-10): Страшко Коцевски и Томи Јаневски
З.Кеслер : С.Коцевски 3:0
З.Матиќ : Т.Јаневски 3:0
З.Кеслер-З.Матиќ : С.Коцевски-Т.Јаневски 3:0
З.Кеслер : Т.Јаневски 3:0
З.Матиќ : С.Коцевски 3:1

Србија А (жени класа 3) : Македонија (мажи класа 7-10) = 4:1

 

Србија (класа 3): Борислава Периќ и Нада Матиќ

 

Македонија (класа 7-10): Страшко Коцевски и Томи Јаневски
Б.Периќ : С.Коцевски 3:2
Н.Матиќ : Т.Јаневски 3:1
Б.Периќ-Н.Матиќ : С.Коцевски-Т.Јаневски 3:0
Б.Периќ : Т.Јаневски 3:0
Н.Матиќ : С.Коцевски 0:3

Вториот натпревар нашата репрезентација го одигра во пингпонгарската сала во склоп на спортско рекреативниот центар Бањица во Белград на 04.04.2009 година. Противници беа “Б” тимовите на Србија и тоа жени класа 3 и мажи класи 6-7.

Србија Б (мажи класа 6-7) : Македонија (мажи класа 3) = 5:0

 

Србија (класа 6-7): Митар Паликуќа и Будимир Малешиќ

 

Македонија (класа 3): Миодраг Игњатовиќ и Трајче Стојановски
Б.Малешиќ : М.Игњатовиќ 3:0
М.Паликуќа : Т.Стојановски 3:0
Б.Малешиќ-М.Паликуќа : М.Игњатовиќ-Т.Стојановски 3:0
Б.Малешиќ : Т.Стојановски 3:0
М.Паликуќа : М.Игњатовиќ 3:0

Србија Б (жени класа 3) : Македонија (мажи класа 3) = 5:0

 

Србија (класа 3): Зорица Попадиќ и Сања Митровиќ

 

Македонија (класа 3): Миодраг Игњатовиќ и Трајче Стојановски
С.Митровиќ : М.Игњатовиќ 3:0
З.Попадиќ : Т.Стојановски 3:0
С.Митровиќ-З.Попадиќ : М.Игњатовиќ-Т.Стојановски 3:0
С.Митровиќ : Т.Стојановски 3:0
З.Попадиќ : М.Игњатовиќ 3:0

Србија Б (мажи класа 6-7) : Македонија (мажи класа 7-10) = 5:0

 

Србија (класа 6-7): Митар Паликуќа и Будимир Малешиќ

 

Македонија (класа 7-10): Страшко Коцевски и Томи Јаневски
М.Паликуќа : С.Коцевски 3:0
Б.Малешиќ : Т.Јаневски 3:0
Б.Малешиќ-М.Паликуќа : С.Коцевски-Т.Јаневски 3:0
М.Паликуќа : Т.Јаневски 3:0
Б.Малешиќ : С.Коцевски 3:2

Србија Б (жени класа 3) : Македонија (мажи класа 7-10) = 3:2

 

Србија (класа 3): Зорица Попадиќ и Сања Митровиќ

 

Македонија (класа 7-10): Страшко Коцевски и Томи Јаневски
С.Митровиќ : С.Коцевски 0:3
З.Попадиќ : Т.Јаневски 3:1
С.Митровиќ-З.Попадиќ : С.Коцевски-Т.Јаневски 3:0
С.Митровиќ : Т.Јаневски 3:0
З.Попадиќ : С.Коцевски 0:3

Конечен биланс на нашата репрезентација е осум изгубени натпревари со резултат 37 : 3 победи (сите Страшко Коцевски). Меѓутоа искуството е големо и времето ќе покаже дали нашите спортисти ќе тргнат по стапките на своите многу поуспешни колеги од Србија. За почеток доволно ќе биде доколку одлучат секојдневно да тренираат под стручен надзор на тренер и да инвестираат во себе. Потоа коцкичките од мозаикот сами ќе почнат да се сложуваат.
Организационо останува да се обидеме во гарсоњерите во Охрид на почеток на месец октомври да организираме камп од 10 дена и да го доведеме тренерот Ѓорѓе Бошњаковиќ. Тоа ќе им биде од исклучителна помош посебно на натпреварувачите во колички бидејќи Ѓорѓе има искуство во работа со тие категории на спортисти.