НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Меѓународен турнир во пинг-понг „Лашко 2008“

Македонските пингпонгари Миодраг Игњатовиќ, Томи Јаневски и Марјан Зафировски учествуваа на меѓународниот турнир кој се одржа од 29.04-04.05.2008 година во Лашко Словенија.
Двајца наши спортисти се стекнаа со меѓународна класификација и тоа Миодраг Игњатовиќ кој беше класифициран во класата 3 на играчи во колички и Марјан Зафировски кој беше класифициран во класата 7 играчи во стоечка конкуренција. Во класата 7 минатата година беше класифициран и третиот наш учесник на овој турнир Томи Јаневски.
Нашите спортисти во категоријата Опен ги завршија своите борби уште во првото коло. Миодраг Игњатовиќ беше елиминиран од Том де Гројв од Белгија со резултат од 0:3 во сетови, Марјан Зафировски беше елиминиран со ист резултат од британецот Џозеф Стоутсбери, како и Томи Јаневски од Емил Губица од Хрватска.
Во натпреварите по класи, во класа 3 имаше 38 натпреварувачи поделени во 10 групи. Миодраг Игњатовиќ ги загуби сите натпревари со резултат 0:3 од противниците во групата Д: Јан Гуртлер од Германија, Ким Јонг Сеок од Кореја и Мигел Родригез од Шпанија.
Во класата 7 се натпреваруваа 23 натпреварувачи поделени во 6 групи. Марјан Зафировски ги загуби сите натпревари во групата Б со резултат од 0:3 и тоа од: Стефан Меси од Франција, Дитер Мајер од Германија и Михаил Морозов од Русија.
Томи Јаневски настапи во истата класа во групата Д и ги загуби сите натпревари со резултат 0:3 од: Хорди Моралес од Шпанија, Збинет Ламберт од Чешка и Будимир Малешиќ од Србија.
Екипно нашите натпреварувачи Марјан Зафировски и Томи Јаневски настапија во класата 7 со репрезентациите на Германија, Чешка и Белгија и ги загубија сите натпревари во групата со резултат од 0:3. Во конкуренција беа 11 екипи поделени во три групи.