НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

WPA 14. Fazza Dubai 2023 Grand Prix – ВТОР НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН

На 27.02.2023 година, втор натпреварувачки ден, настапи Гоце Миновски во дисциплината Мажи диск Ф54/55/56.
Во конкуренција на 14 натпреварувачи, Гоце Миновски со резултат од 10,66 метри го освои четиринаесеттото место.
Гоце фрлаше прв во втората група, а неговиот настап го следеа и класификаторите за да можат да дадат конечен суд во која натпреварувачка класа ќе го класифицираат. Прелиминарната за да настапи беше одредена Ф55, меѓутоа по завршување на настапот ќе биде донесено конечното решение.
Како и да е, ова е дисциплина на споени 3 категории Ф54/55/56 а одлучува само постигнатата должина. Шампионот во ова дисциплина, Зареи Малек од Иран, го фрли дискот 41,04 метри. Второто место му припадна на Ибрахим Ибрахим од Египет со фрлени 37,85 метри, додека на третото место се пласира Абделхамид Олими Гома Моха од Египет со резултат од 35,45 метри.
Утре од нашите спортисти ќе настапи Елена Давитковска во дисциплината Жени диск Ф56.