Третиот натпреварувачки ден настапи Елена Давитковска во дисциплината диск Ф56/57.
Во конкуренција на 12 натпреварувачки се пласира на последното дванаесто место со најдобро нејзино фрлање од 11,41 метри. Првото место во оваа категорија го освои Саифи Насима од Алжир со резултат од 32,51 метри, второто Жу Мјан од Кина со 31,23 метри, третото Сафја Џелал од Алжир со реаултат од 28,46 метри.
Денес на програмата од 15:00 часот е дисциплината Копје жени споени класи Ф56/57, во која ќе настапи Елена Давитковска.
Нашиот втор натпреварувач Гоце Миновски, кој требаше да настапи во дисциплината Ѓуле класи Ф54/55, нема да настапи бидејќи во меѓувреме класификаторите го прекласифицираа во повисока класа Ф56, а дисциплината Ѓуле во таа класа се одржа првиот натпреварувачки ден, кога Гоце имаше привремена класификација Ф55.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2025
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2025
3 БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ВАРНА