НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ 10м МАЖИ – СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА СТРЕЛАШТВО ВО АЛ АИН, ОАЕ

На Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин е дисциплината воздушен пиштол мажи, на 10 метри, настапуваат нашите стрелци Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски.
По завршениот натпревар на овој дел од натпреварот, во конкуренција на 52 натпреварувачи, Александар Јовановски со резултат од 544 кругови го освои 34-тото место, а Ванчо Каранфилов со резултат од 540 кругови го освои 41-вото место.
Очекувавме малку повеќе кругови од нашите натпреварувачи, меѓутоа тие стрелаат само една дисциплина што дополнително го зголеми притисокот врз нив, па и двајцата направија неколку грешки во тек на мечот и не успеаја да стрелаат во својот оптимум кој во моментов е помеѓу 550 и 555 кругови.
Одиме понатаму. Ванчо и Александар се враќаат дома, а Оливера ја чека настапот на 10м воздушен пиштол. Ќе го одработиме последниот тренинг максимално и подготвени ќе влеземе во мечот кој не’ очекува.