НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ВОДИЧ ЗА БЕЗБЕДНО ВРАЌАЊЕ НА СПОРТСКО – СТРЕЛАЧКИТЕ АКТИВНОСТИ

Safe Return to Shooting Para Sport Guidelines
Овие упатства се подготвени за да им помогнат на Националните параолимписки комитети, Националните федерации, и на спортистите да го прилагодат своето однесување за да обезбедат безбедно враќање во стрелачкиот пара спорт. Тие содржат листа на клучни принципи што треба да се следат за да се намали веројатноста за ширење на вирусот КОВИД-19 при повторното враќање во пара-спортските активности. Тие не се изготвени со намера да станат референтен водич за Локалните организациски комитети при организација на домашни првенства во стрелачкиот пара спорт.
Сите поединци вклучени во стрелачките активности треба да се придржуваат до сите упатства, правила и прописи изготвени од нивните национални и локални власти. Сите здравствени директиви што го регулираат закажувањето на спортски активности треба строго да се следат. Спортистите не треба да се вратат на било какви стрелачки активности, сè додека истите не се сметаат за безбедни, врз основа на препораките дадени од надлежните институции и организации.
Пред да започнат каква било спортска активност, спортистите треба да размислат за сопствената индивидуална здравствена состојба и безбедноста на околина. Спортистите не треба да доаѓаат во стрелиштата ако во изминатите 14 дена не се чувствувале добро, доколку покажале било каквиу симптоми поврзани со КОВИД-19 или имале контакт со некој со потврден или сомнителен случај на КОВИД-19.
Овие упатства се само општи информации и не треба да се сметаат како формаен медицински или правен совет. Постојат одредени дополнителни ризици на сите вклучени во спортските активности. Со учество во стрелачките пара спортски активности, спортистите, тренерите и останатите вклучени лица ги прифаќаат тие ризици. Продолжувањето со стрелачките пара-спортски активности, спортистите и тренерите го прават на сопствен ризик и во никој случај IPC или WSPS не се одговорни доколку индивидуите вклучени во активностите го употребубваат или се придржуваат кон овој водич.
Целосниот текст на Водичот, како и препораките до учесниците, можете да ги прочитате на линкот подолу.

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/fsrimorg/public_html/wp-includes/functions.php on line 4673