Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет ќе организира тренинг камп за нашите врвни пингпонгари во Охрид од 09-14.10.2009 година. Сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија е донатор на сместувањето кое ќе биде организирано во гарсоњерите во Охрид, а останатите трошоци за организација и спроведување на активностите се на терет на ФСРИМ-МПК. Со пингпонгарите ќе работат тренерот Ѓорѓе Бошњаковиќ од Нови Сад, Србија и селекторот на македонската репрезентација во пинг понг за инвалиди, Страшко Коцевски од Куманово.
За учество на тренинг кампот селекторот Коцевски ги покани следните пингпонгари:
– Мажи Класа 3-4 Миодраг Игњатовиќ, Трајче Стојановски и Ристо Фотевски,
– Мажи Класи 6-8 Рубинчо Ристески, Томи Јаневски и Марјан Зафировски.
Се очекува овие подготовки да дадат нов квалитет во играта на нашите најдобри пингпонгари и смерница за нивниот понатамошен тренажен процесс, бидејќи тренерот Ѓорѓе Бошњаковиќ од Нови Сад е искусен стручњак под чие раководство пингпонгарите на Србија имаат освоено голем број на медали од светски и европски првенства, како и од параолимписки игри.
Поврзани објави
МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ПИНГПОНГАР, ОГНЕН ИЛИЕСКИ, УЧЕСТВУВАШЕ НА КАМП ВО ГРЦИЈА
ТРЕТО МЕСТО ВО КЛАСА 8 ЗА РУБИНЧО РИСТЕСКИ НА „ПОДГОРИЦА 2022“
МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ „КУМАНОВО 2022“