НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО ВО СИДНЕЈ 2019

УТРЕ ЗАПОЧНУВААТ БОРБИТЕ ЗА МЕДАЛИ И КВОТИ

Денес во Сиднеј во прекрасна атмосфера и присусво на повеќе стотици натпрваруачи од 56 држави свеќено беше отворено Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност.

Македонските спортисти подготвени и со нетрпение ги чекаат борбите во дисциплините во кои ќе настапат. Од утре започнуваат борбите за медали и квоти. Многу очекувања и желби, малку медали и квоти. Свесни сме за нашите квалитети и храбро и достоинствено ќе се впуштиме во борбата за високи пласмани. Да им посакаме среќа на нашите спортисти: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Алесандар Јовановски.

Првот настап е на 12.10.2019 во дисциплината 25 метри Спорт пиштол, поединечно и екипно. Натпреварот започнува во 10 часот по австралиско време (01 по полноќ по македонско).

Резултати во живо на следниот линк:

http://results.sius.com/ShootEvent.aspx…

[Best_Wordpress_Gallery id=”242″ gal_title=”sidnej2019-1″]