НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Свечено отворање на ПОИ – Пекинг 2008

Спектакуларно, ништо помалку од отворањето на Олимписките игри, беше отворањето на Параолимписките игри во Пекинг. На трибините, покрај многубројната публика, државници, министри, почесни гости, а во свечената ложа – Претседателот на Народна Република Кина – Ху Јинтао и Претседателот на Меѓународниот Параолимписки Комитет – Филип Кравен. На Олимпискиот стадион продефилираа околу 6.000 учесници на Параолимписките игри (околу 4.000 натпреварувачи и 2.000 тренери и придружници) од 148 држави.

Нашите спортисти продефилираа 8-ми по ред, а целата манифестација траеше полни 3 часа. Со прекрасни музичко-сценски изведби, Претседателот на НР Кина ги прогласи Параолимписките игри за отворени. Спектакуларниот огномет беше неизоставен дел од церемонијата.

Олимпискиот оган беше запален од кинески спортист во количка кој заедно со својата количка беше закачен со јажиња и само со употреба на силата на своите раце се издигна во висина и од подножјето на факелот го запали Олимпискиот оган. Импресивна слика, но морам да констатирам дека на многу сличен начин беше запален и Олимпискиот оган во Атланта 1996, кога еден спортист со двојна потколена ампутација, го стави факелот меѓу протезите и со јаже се искачи до Олимпискиот факел на стадионот.

Параолимписките игри во Пекинг – започнаа!!!