НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Нашите Параолимпијци во Пекинг

Нашата Параолимписка репрезентација пристигна во Пекинг. По сместувањето во Олимпиското село, се одржа церемонија на дигање на Македонското знаме и интонирање на Македонската химна.

На оваа церемонија присуствуваше и градоначалникот на Олимпиското село како и репрезентациите на Кипар и Зимбабве.

Стрелците имаа можност да се запознат со стрелиштето и да изведат тренинг. Според зборовите на селекторот – Бранимир Јовановски, спортистите се чувствуваат одлично и се полни со енергија за освојување на високи пласмани.