На 06.04.2019 година во спортската сала во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово се одигра пингпонгарски двомеч помеѓу екипите на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Куманово за кој настапија Страшко Коцевски, Небојша Ташиќ и Зоран Трајановски (минатогодишни шампиони во лигата на Македонија во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет) и Пингпонгарскиот клуб Куманово од Куманово за кого настапија Давор Стојановски, Цобе Јаневски, Милан Додевски и Игор Маневски. Победи екипата на ППК Куманово со резултат 5:0.
Судија на натпреварот беше Ненад Додевски, а делегат Мики Трендафиловски.
По завршување на екипниот дел, се одигра поединечно првенство на кое нашиот спортист Страшко Коцевски го освои 3-то место.
Поврзани објави
МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ПИНГПОНГАР, ОГНЕН ИЛИЕСКИ, УЧЕСТВУВАШЕ НА КАМП ВО ГРЦИЈА
ТРЕТО МЕСТО ВО КЛАСА 8 ЗА РУБИНЧО РИСТЕСКИ НА „ПОДГОРИЦА 2022“
МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ „КУМАНОВО 2022“