НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

3-ТО МЕСТО ЕКИПНО (РУБИНЧО РИСТЕСКИ И МАРЈАН ЗАФИРОВСКИ) НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „ SEAGULL 2019“ ВО ПИНГ ПОНГ ВО ВАРНА

По покана од НИКЕА-Параспорт клуб од Црно Море од Варна, македонските пингпонгари Страшко Коцевски, Небојша Ташиќ, Рубинчо Ристески и Марјан Зафировски, предводени од претседателот на Македонскиот параолимписки комитет, Бранимир Јовановски, учествуваа на меѓинародниот пингпонгарски турнир „Seagull 2019“ во Варна, на кој учествуваа спортисти од Србија, Романија, Северна Македонија и домаќинот Бугарија.

Најголем успех нашите спортисти постигнаа во екипното натпреварување во класа 8, каде во конкуренција на 4 екипи (2 од Србија, и по една од Романија и Северна Македонија) нашите спортисти Рубинчо Ристески и Марјан Зафировски го освоија 3-то место. Втората екипа во состав Страшко Коцевски и Небојша Ташиќ настапи во класа 10 во конкуренција на 5 екипи и го освои петтото место.

Во поединечна конкуренција, натпреварите се одржаа во секоја класа пооделно, а нашите спотисти настапија индивидуално во следните класи: Страшко Коцевски и Небојша Ташиќ во класа 10, Рубинчо Ристески во класа 8 и Марјан Зафировски во класа 7.
Во разигрувањето по групи, од нашите пингпонгари само Марјан Зафировски ја помина својата група и се пласира во полуфиналето каде загуби во борбата за финале од црногорскиот пингонгар Пјетро Палушевиќ, а во борбата за трето место загуби од романскиот пингпонгар Богдан Санлеа и на крајот го освои 4-то место.

Претседателите напараолимписките комитети Илија Лалов и Бранимир Јовановски одржаа работна средба на која договорија чекори за идна соработка на спортско поле, како и за можност да се вклучат како патнери во одделни проекти за развој на спортот на лицата со инвалидност.

Голема благодарност до домаќините на турнирот, одобено на организаторот Маријан Маринов и главниот судија Сашо Јанев кои се потрудија натпреварот да помине во фер и пријателска атмосфера.

Резултати по групи:
Individual competition ranking

class 5:
1. George Banciu ROM
2. Nebojsha Ilich SRB
3. George Floresku ROM

class 6:
1. Camelia Ciripan ROM
2. Milijana Cirkovich MonteNegro
3. Duro Krivokapich MonteNegro

class 7:
1. Trevor Hirth AUS
2. Pjetro Palushevich MonteNegro
3. Bogdan Sanlea ROM

class 8:
1. Milovan Yanicijevich SRB
2. Dragan Vujisich SRB
3. Nemanja Birnanchevich SRB

class 10:
1.Alyn Nicolae ROM
2. Bojan Yovanovich SRB
3. Paun Vatov BUL

Team competition ranking

class 6:
1. Banciu/Florescu ROM
2. Krivokapich/Cirkovich MonteNegro
3.Antich/Basanovich

class 7:
1. Ciripan/Hirth ROM
2. Nicusor/Sanlea ROM
3. Atanasov/Kassas BUL

class 8:
1. Jovanovich/Vujisich SRB
2. Janisevich/Birmanisevich SRB
3. Risteski/Zafirovski MKD

class 10:
1. Stasich/Jovanovich SRB
2. Samson/Nikolae ROM
3. Vatov/Atanasov BUL

« 1 на 2 »