Пингпонгарската екипа н ССРИ Кумново во состав: Страшко Коцевски, Зоран Трајановски и Небојша Ташиќ, предводени од тренерот Мики Трендафиловски,) убедливо ја освоија Лигата на Македонија во пинг понг за 2018 година за спортисти со телесна инвалидност.
Во конкуренција на 6 екипи, кумановчаните се закитија со златни медали и го освоија престижниот пехар со освоени максимални 20 поени, односно со скор од 10 победи од одиграни 10 утакмици.
На второто место се пласира екипата на ССРИ Прилеп (Рубинчо Ристески, Митко Сотироски и Марјан Зафировски) со освоени 16 поени и скор осум победи од 10 утакмици (два пораза од ССРИ Куманово), а третото место и припадна на екипата на ССРИ Кисела Вода од Скопје (Вјечислав Корјакин, Дејан Алексовски и Олга Ристовска) со освоени 12 поени.
Лигата беше одржана благодарение на средства добиени од Агенција за млади и спорт за функција на клубовите на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет.
Конечна табела:
1. ССРИ Куманово со освоени 20 поени
2. ССРИ Прилеп со освоени 16 поени
3. ССРИ Кисела Вода со освоени 12 поени
4. ССРИ Скопје 2 со освоени 8 поени
5. ССРИ Битола со освоени 4 поени
6. ССРИ Струмица без поени 0
Поврзани објави
СО НАСТАП ВО ДИСЦИПЛИНАТА П1-ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ МАЖИ, ЗАВРШИ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО ЗА НАШИОТ АЛЕКСАНДАР
МЕЃУНАРОДЕН ПИНГ ПОНГ ТУРНИР БУРГАС ОПЕН 2023
ПРВО МЕСТО ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАРА ПИНГ ПОНГ ТУРНИР ВО ВАРНА „VARNA SEAGULL CUP“