На 24.10.2018 година, во Клуб на пратеници во Скопје, се одржа работна средба. Главен акцент беше ставен на новиот проект на Владата на Република Македонија насочен кон новиот начин на финансирање во спортот насловен “Спортски ваучер” . На таа тема беше водена расправа по Предлог – критериуми за користење на Ваучер во спортот, како дополнителен извор за финансирање на спортот во Република Македонија во 2019 година. Работниот состанок го водеше директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на раководителот на сектор спорт, Др-сци Томислав Андоновски, како и советниците на премиерот Заев, Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев. Расправата беше интерактивна, со учество и прибирање на искуства и мислења од претставниците на Националните спортски федерации, особено во делот на новиот начин на финансирање во спортот- Спортски ваучер.
Донесена беа заклучоци врз основа на предложените искуства и предлози, и истовремено е закажана нова средба за втората половина на Ноември.
![]() |
![]() |
![]() |
Поврзани објави
КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ, ПОСЕТА И ПРВ ТРЕНИНГ НА НАШИТЕ КОШАРКАРИ СО КОЛЕГИТЕ ОД ККК „НАИС“ ОД НИШ
ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НАЈДОБРА СПОРТИСТКА НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА
ПРЕДНОВОГОДИШЕН ТУРНИР, МЕЃУОПШТИНСКА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНА СРЕДБА ВО КУМАНОВО