НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Соработка на Македонскиот Параолимписки Комитет со DUBAI Club for the Disabled

21.07.2018 година. Осумчлена делегација на Dubai Club fot the Disabled (во стрелаштво и во кревање на товар) се наоѓа на три неделни подготовки во Скопје, Македонија. Во составот на делегацијата во стрелаштво е стрелецот Saeed Obaid Alsaleh, неговиот тренер Dor Jehnair Mohammad, како и претседателот на Спортскиот комитет на Параолимпискиот Комитет на Обединетите Арапски Емирати, Abdulla Hassan Alfalasi.

Благодарение на претходно воспоставената соработка меѓу Македонскиот Параолимписки Комитет и клубот од Дубаи пред три години, за прв пат во Македонија на подготовки допатува спортист во стрелаштво, со цел да се разменат искуства и побараат совети за тренажен процес меѓу тимот од Дубаи и нашиот тренер и селектор.

Подготовките се одвиваа на стрелиштетото во Кисела Вода под раководство на тренерот Бранимир Јовановски во координација со тренерот од Дубаи Dor Jehnair Mohammad.

Стрелецот и неговиот тренер тренираа пет дена во несела, а повремено нивниот тренинг е пропратен со присуство на македонски стрелци. Денес беше одржан контролен натпревар на кој учествуваа нашите спортисти, светската рекордерка Оливера Наковска Бикова и младиот спортист Александар Јовановски, како и Saeed Obaid Alsaleh од Дубаи. Очекувано, победи Оливера Наковска Бикова со резултат 568 кругови (само 2 круга под светскиот рекорд во нејзина сопственост), на второто место се пласира Saaed Obaid Alsaleh со 528 кругови, а на третото Александар Јовановски со 525 кругови.

Екипата од Дубаи презадоволна од досегашните заеднички тренинзи и размена на искуства и веќе најавуваат поинтензивна соработка во иднина и можна партиципација во подобрување на условите во кои се одвива тренингот на нашето стрелиште. Следниот натпревар ќе се одржи на 24.07.2018 година и секако очекуваме подобри резултати и од Александар и од Saeed.

По завршување на натпреварот, делегацијата на спортистите од Дубаи се дружеше со нашите спортисти на заеднички работен ручек на кој беа договорени детали за идна соработка. Се очекува да добиеме покана за подготовки и натпревар во Дубаи следната година на нивен трошок, но и набавка на пософистицирана опрема (електронски мети) за тренинг и натпревари.