НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО

Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, со финансиска поддршка од Општински сојуз на спортови на Куманово, на 09.11.2024 година во ресторанот “Грација” во Куманово одржа спортско рекреативна средба во шах и пикадо за спортисти со инвалидност, на кој учествуваа 30 спортисти со инвалидност од: ССРИ Кисела Вода – Скопје, ССРИ Битола, ССРИ Штип, ССРИ Кочани и ССРИ Куманово. За жал поканетите ССРИ Кавадарци и ССРИ Велес заради други обврски не настапија на турнирот.
За значењето на овој ден на присутните им се обрати и настанот го прогласи за отворен Ивана Ѓорѓиевска, претседателката на Советот на општина Куманово, а на присутните им се обратија и Страшко Коцевски – претседател на ССРИ Куманово и Бранимир Јовановски – претседател на Параоломпискиот комитет.
Во фер и пријателска атмосфера првите три места и симболични награди од 1.500, 1.200 и 900 денари ги освоија:
ШАХ
1. Горан Војновски од Кочани;
2. Јанчо Ѓорѓевски од Куманово;
3. Васко Јакимов од Штип.
ПИКАДО
1. Јоле Стојановски од Битола со 189 кругови;
2. Тоде Арсов од Штип со 166 кругови;
3. Лилјана Мицовска од Кочани со 162 кругови.
ССРИ Куманово им се заблагодарува на сите учесници и официјални лица на манифестацијата, како и на сите кои помогнаа за одржување на истата.