НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

СОСТАНОК ЕДЕН-НА-ЕДЕН СО РЕГИОНАЛНИОТ КООРДИНАТОР, ВЛАДИМИР ДРИУМА, КООРДИНАТОР ЗА ОДНОСИ СО НПК, ТОКИО 2020

Претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, на 05.11.2020 година одржа Скајп конференција со Координаторот за односи со Националните параолимписки комитети на Параолимписките игри Токио 2020, Владимир Дриума.
Ова е уште еден од низата на состаноци со Владимир на кои по пат на пополнување на прашалници и подоцна коментар по истиот се обидуваме однапред да ги договориме прашањата на кои во овој момент можеме да имаме одговор, или очекувани решенија, а со цел за што поуспешено патување, сместување, учество на разни протоколарни манифестации и настап на нашиот тим на Параолимписките игри во Токио идната година.
Овој состанок беше во тесна врска со информациите за прогресот во организацијата и можните сценарија за одржување на игрите кои ги добивме на последниот Вебинар организиран од највисоките претставници на ИПК и Организацискиот комитет на Параолимписките игри во Токио, кој се одржа на 26.10.2020 година.
Деновиве следи пополнување на голем број на образци, дописки, преписки со надлежните лица од одборот и уште многу техничка работа, а се со единствена цел, што е можно поподготвени да го дочекаме заминувањето за Јапан во август следната година.
Соработката продолжува.