НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ВЕБИНАР НА ШЕФОВИ НА МИСИИ, ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

На 29.10.2020 година, со почеток во 09:00 часот, организацискиот одбор на Олимписките и Параолимписките игри Токио 2020 и претставници од ИПЦ, одржаа вебинар со шефовите на мисии и претставниците на Националните параолимписки комитети во врска со подготовките за одржување на игрите следната година.
Беше истакнато дека организацискиот комитет работи во отежнати услови и во тесна соработка со: Владата на Јапан, ИПЦ и Светската здравствена организација, подготвувајќи најразлични можни сценарија, а се со цел игрите да бидат одржани.
Како што истакна претседателот на организацискиот одбор на Параолимписките игри Токио 2020, Јоширо Мори, никој не може да знае што ќе се случи во наредните неколку месеци, а камо ли во август идната година, кога би требало игрите да се одржат, меѓутоа комитетот во соработка со Владата на Јапан, ИПЦ и СЗО ќе ги вложат сите напори да се изнајде соодветно сценарио. Во моментов, сите лица кои патуваат во Јапан мора да имаат негативен ПЦР тест стар најмногу 72 часа пред полетувањето за Јапан, а по пристигнувањето мора да направат уште еден тест на аеродромот и потоа да одат во задолжителен 14 дневен карантин. Овие моментални мерки го усложнуваат планирањето на комитетите за учество со свои спортисти на подготовки и контролни натпревари во Јапан пред одржување на игрите следната година.
Игрите во секој случај ќе се одржат во видоизменет формат во однос на претходните игри, бројот на официјални лица од НПК ќе биде редуциран само на неопходните, ќе биде изоставена церемонијата на добредојде на тимовите, но можноста на размена на подароци со организаторот останува како опција.
Игрите во Токио 2020 следната година ќе бидат едноставни, сигурни и безбедни преку поедноставување и преземање на контрамерки против COVID-19. Ова е она што го бара општеството и оваа трансформација на Олимписките и Параолимписките игри ќе биде голема порака за општеството и ќе обезбеди нови стандарди. Ќе се намалат социјалните контакти надвор од параолимпиското село, бројот на посети на гости во самото олимписко село исто така ќе биде редуциран, ќе бидат воведени протоколи за носење на маски и друга заштитна опрема. Пристигнувањето и заминувањето на учесниците на игрите ќе се одвива според строгите протоколи и минимум контакти за време на регистрацискиот состанок на делегациите, честа дезинфекција на раце, држање на растојание и носење на маски.
Организаторот предвидува неколку сценарија, а едно од поверојатните е дека треба да научиме да живееме со вирусот, што подразбира прифаќање на општо плато на ново едвидентирани инфицирани лица и локализирани кластери во жариштата, вакцина ќе биде достапна, но пристапот до неа е ограничен, социјалното растојание е сè уште на сила на глобално ниво, некои ограничувања во однос на патувањата сè уште ќе постојат, умерено економско закрепнување во 2021 година и раст на довербата на јавноста околу организација и учество на масовните собири.
Беше кажано дека олимпиското село се отвора на 17 август 2021 година, а од тој ден е можно и користење на спортските објекти за тренинг. Церемонијата на отварање на параолимписките игри ќе се одржи на Олимпискиот стадион на 24 август од 20:00-22:40 часот по строго одредено сценарио за превоз на учесниците, начин на влез на стадионот, марширање на учесниците и сместување на соодветни места на теренот за следење на церемонијата.
Секоја НПЦ може да номинира по една жена знаменосец и еден маж знаменосец кои би марширале заедно за време на церемонијата на отворање. Од НПЦ ќе се побара однапред да номинираат носителите на знамето. Ако е потребно, уредот за држење на знамето ќе се прилагоди врз основа на барањата на носителите на знамето.
Церемонијата на затварање на игрите ќе се одржи на 05 Септември на Олимпискиот стадион од 20:00-22:15 часот. Само носителите на знамето ќе маршираат на церемонијата на затворање, додека другите учесници од НПЦ ќе влезат на олимпискиот стадион пред да започне Церемонијата на затворање и ќе седат на теренот за време на церемонијата на затворање.
Целата презентација и темите кои беа дискутирани на вебинарот, кој траеше 3 сати, можете да ја видите на следниот линк: https://tko2020.sharepoint.com/…/Tokyo%202020%20-%20NPC…
Или да ја гледате снимката на следниот линк: https://app.livestorm.co/tokyo2020/npc-eng/live…