The first FIDE Online Chess Olympiad for People with Disabilities
Македонските шахисти со инвалидност (со телесен инвалидитет, слепи и слабовидни) од 20.11.2020 година ќе учествуваат на првата онлајн ФИДЕ шаховска олимпијада за лица со инвалидност. Главен покровител е Газпром, а фондацијата Созидание и шаховскиот клуб Пенгченг се исто така спонзори на настанот.
На натпреварот се пријавени 61 тим од 45 држави. Натпреварот се игра на 4 табли од кои на најмалку една табла задолжително да игра жена, темпо на игра 25 минути + 10 секунди, сите натпревари започнуваат во 15:00 по средноевропско време.
За репрезентацијата на Република Северна Македонија ќе настапат:
10. North Macedonia (RtgAvg:2036) Captain: Nedev Trajko
-
Zafirovski Tode, рејтинг поени 2138 MKD
-
Trkaljanov Vladimir, рејтинг поени 2096 MKD
-
Gjorgjevski Janco, рејтинг поени 1904 MKD
-
Selkovski Zarko, рејтинг поени 2007 MKD
-
Bajrami Zejno, рејтинг поени 1924 MKD
-
Kostadinovski Zoran, рејтинг поени 1893 MKD
-
Arsova Marija, рејтинг поени 0 MKD
-
Angelovska Olga, рејтинг поени 0 MKD
Првата фаза од натпреварувањето се игра од 21-27.11.2020 година. Најдобрите 4 екипи разигруваат во полуфинале, подоцна и во мечевите за трето, односно за прво место од 29.11-03.12.2020 година, така да всушност настанот се одржува во рамките на одбележувањето на 3. Декември – Меѓународен ден на лицата со инвалидност.
Поврзани објави
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024