На 27.09.2023 година, на програмата на Светското првенство во стрелаштво во Лима, Перу, беше дисциплината П1-воздушен пиштол мажи.
Македонскиот спортист Александар Јовановски, во конкуренција на 39 натпреварувачи, го зазеде 31-то место со резултат од 543 кругови, десетина помалку од очекуваното. Ова беше последна борба на првенството за добивање на директна квота за учество на Параолимписките игри во Париз 2023 година, така да Александар влезе во натпреварот под голем притисок и оптеретување кој траеше во текот на целата прва серија. После неколку совети се врати во фокус и стрелаше коректно, но направи уште еден пад во петтата серија што на крај резултираше со резултат од 543 кругови, недоволен за висок пласман на првенството.
Уште едно големо искуство за Александар, настапи од кои извлековме одредени поуки и се надеваме на последните квалификациски натпревари на почетокот на идната година, истите ќе вродат со плод.
Утре не чека долго патување до дома, повеќе од 26 сати во тотал, Лима-Панама-Истанбул-Скопје.
Поврзани објави
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024