НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КИНЕСКАТА АМБАСАДА ВО МАКЕДОНИЈА

На 25.08.2017 година во просториите на Македонскиот параолимписки комитет се одржа работен состанок со претставници на амбасадата на Република Кина во Македонија.и тоа: Mr. Mao Qingwen-заменик амбасадор и Mr. Zhu Zhibin-замник секретар во амбасадата.
Претставниците на амбасадата на Република Кина ја изразија желбата нашиот комитет со свои спортисти да учествува на Зимските Параолимписки игри кои ќе се одржат 2022 година во Пекинг, Кина. Ги презентираа сите напори и предизвици со кои се соочува нивниот локален организационен одбор на игрите, бидејќи ова е прв голем зимски светски спортски настан што го организираат како држава и истакнаа дека секое искуство им е добредојдено. Ние се заблагодаривме на иницијативата на амбасадата да го посети нашиот комитет и за презентацијата на овој врвен спортски настан што ќе се одржи 2022 година.

Истакнавме дека од осамостојувањето на РМ нашите спортисти не учествувале на зимски Параолимписки игри, но можеби Пекинг 2022 ќе бидат првите на кои ќе учествуваме со спортисти. Како комитет во минатото од 1992 година сме учествувале на сите 7 летни Параолимписки игри на кои, иако со мал број на натпреварувачи, сме освоиле 3 медали, два златни (Бранимир и Оливера) и еден сребрен (Ванчо) во стрелаштво, а дополнително сме настапиле во 8 финалиња во кои сме освојувале од 4-8 место на Параолимписки игри, што е голем успех за РМ.
Претставниците на амбасадата ја презентираа кандидатурата на Ms. Haidi Zhang-претседателка на Параолимпискиот комитет на Кина, за избор за претседател на Меѓународниот параолимписки комитет, кој ќе се одржи на почетокот на месец септември во Абу Даби, УАЕ.
Се разделивме со пријателски стисок на рака и искрена желба за натамошна соработка која тие срдечно ни ја понудија.