Претседателите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ), Даниел Димовски, и на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија (ПКСМ), Бранимир Јовановски, денес одржаа работна средба на која дискутираа за претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Токиот 2020. На средбата присуствуваше и генералниот секретар на ПКСМ, Драган Дојчиноски.
Претседателот Јовановски (ПКСМ), на претседателот Димовски (ОКСМ) му го честита големиот успех и освоената олимпијска норма и квота од таеквондистот Дејан Георгиевски кој стана вториот македонски спортисти кој обезбеди олимписка виза (пред него тоа го оствари борачот Могамедгаџи Нуров), а му посака и каратистот Емил Павлов да постигне норма во својата категорија на претстојниот олимпискиот квалификациски турнир.
Понатаму беше разгледано прашањето со опремување на учесниците на Олимписките и Параолимписките игри со иста опрема, по урнекот на многу држави во светот. Таков договор на општо задоволство е постигнат и се очекува наскоро опремата да биде испорачана.
Исто така беше разговарано и во однос на вакцинирањето на олимпискиот и параолимпискиот тим, очекуваме и ова прашање во најскоро време во соработка со институциите на државата да се финализира.


Поврзани објави
САМИТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ПАРАОЛИМПИСКИТЕ КОМИТЕТИ НА ЈУГО ИСТОЧНА ЕВРОПА
РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДУБАИ КЛУБОТ НА ЛИЦА СО РЕШИТЕЛНОСТ (DUBAI CLUB FOR THE PEOPLE OF DETERMINATION)
КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ, ПОСЕТА И ПРВ ТРЕНИНГ НА НАШИТЕ КОШАРКАРИ СО КОЛЕГИТЕ ОД ККК „НАИС“ ОД НИШ