НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДУБАИ КЛУБОТ НА ЛИЦА СО РЕШИТЕЛНОСТ (DUBAI CLUB FOR THE PEOPLE OF DETERMINATION)

Претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар, Драган Дојчиноски, на 25.02.2023 година остварија работна средба со претседателот на Клубот на лица со решителност од Дубаи, Thani Juma Berregad, кој воедно е и претседател на Локалниот организациски комитет на 14th Fazza International Para Athletics Championships, кој од 22.02-02.03.2023 година се одржува во Дубаи.
За време на работната средба разменивме идеи за идна соработка помеѓу двете организации, ја истакнавме нашата логистичка помош на нивните спортисти во атлетика и дигање на товар кога се на подготовки во Скопје и Охрид, како и нивната финансиска помош со покривање на трошоците за сместување на нашата делегација на шампионатот во Дубаи, за што посебно сме им благодарни.
Воедно, на господинот Тани му подаривме реплика на македонски филигран од деветнаесетти век, во форма на пеперутка, како спомен на нашата успешна соработка.
Се запознавме и поразговаравме и со господинот Majid Al-Usaimi, генерален менаџер на Клубот и претседател на Азискиот параолимписки комитет.
Овде морам да ја спомнам искрената соработка и помош од господин Маан Махмалат од Скопје, кој ни е од голема помош и директна врска со клубот од Дубаи.