Денес, 27.04.2021 година, одржав состанок со Лариса Соарес, Менаџер за акредитации на Националните параолимписки комитети на Токио 2020 Параолимписките Игри, во врска со процесот на апликација и поднесување на поширока листа на можни учесници од нашиот комитет на претстојните Параолимписки игри во Токио 24.08-05.09.2021.
Рокот на поднесување на апликациите преку онлајн платформата е до 14 мај, но со оглед дека нашиот тим е мал, ние се надеваме дека процесот на аплицирање ќе го завршиме за неколку дена. Од 29 април до 05 мај, во Јапонија е државен празник, наречен „Златна недела“ и со Лариса се договоривме да се слушнеме на 07 мај за да провериме дали апликаците се пристигнати коректно или има пропуштени информации кои е потребно да се допишат.
Врз основа на оваа листа ќе бидат издадени привремените акредитации кои ќе послужат и како виза за влез во Јапан, истите ќе се прочистат до средината на јули кога ќе дознаеме дали сме добиле Универзална вајлд карта и бипартитна карта за спортистите за кои аплициравме и ќе аплицираме, а потоа учесниците на игрите своите конечни акредитации ќе ги добијат по пристигнувањето во Токио на 24 август годинава.
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО