Македонските шахисти со инвалидност (со телесен инвалидитет, слепи и слабовидни) од 20-27.11.2020 година настапија на првата онлајн ФИДЕ шаховска олимпијада за лица со инвалидност и со освоени 9 бода (16 поени) од одиграни 7 кола во кои остварија 4 победи, 1 реми и 2 порази, го освоија високото 14 место во конкуренција на 60 екипи од 45 држави.
Честитки за постигнатиот успех и достојна презентација на нашата држава на овој голем спортски настан.
За потсетување, на натпреварот настапија 60 тимови од 45 држави (некои држави имаа и по 4 екипи). Натпреварот се играше на 4 табли, од кои на најмалку една табла задолжително играше жена, а темпо на играта беше 25 минути + 10 секунди.
За репрезентацијата на Република Северна Македонија ќе настапија 4 мажи и 2 жени, а нивниот успех по табли беше следниот:
На прва табла: Тоде Зефировски 4 поени од 7 кола (1 пораз)
На втора табла: Владимир Тркаљанов 6 поени од 7 кола (1 пораз)
На трета табла: Јанчо Ѓорѓевски 4 поени од 5 кола (1 пораз)
Жарко Селковски 0 поени од 2 кола (2 порази)
На четврта табла: Олга Ангеловска 1,5 поени од 4 кола
Марија Арсова 0,5 поени од 3 кола
Најдобрите 4 екипи: Русија 1, Украина 3, Полска 1 и Полска 3 ќе разигруваат во полуфинале, а победниците ќе се сретнат во финалето кое ќе се одржи на 02.12.2020 година, во чест на одбележувањето на 3. Декември – Меѓународен ден на лицата со инвалидност.
Целосна табела можете да ја видите на следниот линк:
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ