НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

МАКЕДОНСКИТЕ ПАРАОЛИМПИЈЦИ – СТРЕЛЦИ НА МИНИ ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД

Според програмата за учество на Европското првенство во стрелаштво во Гранада, Шпанија, македонските стрелци Оливера Наковска Викова, Александар Јовановски и Даниел Михајловиќ, благодарение на грантот од ИПЦ за поддршка на Националните параолимписки комитети и програмите на спортистите за 2024 година, се наоѓаат на мини подготовки на стелиштето “Бејбунар” во Охрид, под раководство на тренерот Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски.