НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ОТКАЖАНО ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО ПАРА СПОРТ ВО ФИНСКА 2021, ЗАРАДИ КОВИД-19

Организацискиот одбор на Европското првенство 10м 2021, вчера одлучил дека не може да го организира WSPS ECH2021 во Финска, кое требаше да се одржи од 16-23.02.2021 година во Лохја, Финска, поради ситуацијата со Ковид-19 во Европа и во Финска.
„Многу жалиме што моравме да ја донесеме оваа одлука. Донесена е по внимателно разгледување и консултација со нашата група за борба против Ковид-19, здравствените власти во Лохја и финските власти. Не можеме да ја гарантираме здравствената безбедност за спортистите, службените лица и волонтерите. Се надеваме дека ќе наидеме на целосно разбирање за донесената одлука“ – истакнаа од Одборот.