НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

КВАЛИФИКАЦИСКИОТ СВЕТСКИ КУП ВО СТРЕЛАШТВО ВО ЛИМА, ПЕРУ, ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПОСЛЕДНИТЕ ДИРЕКТНИ КВОТИ ЗА ПОИ ТОКИО 2020, ПРОЛОНГИРАН ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

Натпреварот требаше да се одржи во месец мај годинава, но истиот е пролонгиран и нов датум на одржување на Светскиот куп во Лима, Перу е од 10-19.06.2021 година.
Организаторот предвител силни мерки на заштита од ширење на корона вирусот. Накратко, сите учесници мора во својот тим да имаат назначено посебно лице за справување со КОВИД-19 кое ќе има задолжение за постојан контакт и комуникација со медицинската екипа на Лима. Задолжителен ПЦР тест не постар од 72 сати од времето на заминување за Лима, носење на маски и визири за целото време на патување со одржување на дистанца од најмалку 1,5 метри и често миење на раце. По пристигнување на аеродром во Лима секој учесник добива црвена нараквица и со посебен превоз екипата заминува за хотел каде им се прави тест на корона вирус. По земањето на примерок за тестирање, сите учесници заминуваат во своите соби и остануваат во карантин најмногу 24 часа, односно додека се добивјат резултатите од тестот, кои пакдоколку се негативни, на учесникот му се дава зелена нараквица и истиот може да ја напушти собата ги да ги користи основните простории во хотелот, како што се сала за ручек и холот, доколку има неопходна потреба од тоа, како и да замине со посебен превоз до стрелиштето, но само доколку има закажан тренинг или натпревар, инаку сите треба да останат во своите соби. Доколку пак тестот на корона вирусот е позитивен, лицето останува во задолжителен 14 дневен карантин на сопствена сметка и нема право на излез од соба, што во тој случај значи и дека ќе биде потребна набавка на нова авионска карта за патување назад, како и други пропратни трошоци.
На четвртиот ден повторно се врши тестирање на сите учесници со сите можни претходно кажани опции, а на 2 дена пред трунување последен тест кој ќе им служи и попатно за минување граници. Тестовите се на сметка на учесниците.
На стрелиште може да одат само оние кои имаат закажан тренинг или натпревар тој ден, а на церемонијата на прогласување и доделување на медали можат да присуствуваат само спортистите освојувачи на медали. Сериозни рестриктивни мерки на движење и со сериозни фискални импликации во случај на позитивен тест на корона.
Ова е само уште една причина учесниците на настанот да се вакцинираат пред заминување, за да ја намалат можноста за несакани компликации кои можат да настанат со евентуална инфекција од корона вирусот. Секако се ова може да биде и променето во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите со вирусот во меѓувреме на светско поле и во Лима, како и од тоа кои и какви мерки ќе преземат авторитетите во Лима до тогаш.