На 25.02.2023 година, на воздушното стрелиште во Битола се одржа Државно првенство во стрелаштво со воздушно оружје – пушка и пиштол на 10 метри, во категорија на мажи и жени во организација на МССФ.
Се натпреваруваа 12 клубови и околу 100 стрелци во сите дисциплини и категории.
На првенството настапи и македонската светска шампионка во малокалибарски пиштол 50м. и европска шампионка во дисциплината воздушен пиштол 10м, Оливера Наковска Бикова, која со резултат од 554 кругови го освои првото место и титулата државна шампионка.
Настап на првенството имаше и нашиот стрелец Александар Јовановски, кој стрелаше вон конкуренција во категорија мажи пиштол. После коректен почеток, во вториот дел од натпреварот забележа сериозен пад на резултатот и натпреварот го заврши со 533 кругови.
Оливера и Александар ги очекува настап на повеќе меѓународни првенства годинава, а прв од нив е Меѓународното првенство на Хановер 28.04-06.05.2023.
Честитки за Оливера за освоената уште една титула во низа.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ