НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈ, 60 ГОДИНИ ХРВАТСКИ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

На 20.11.2024 година во Загреб, беше одржана свечена академија по повод одбележувањето на јубилејот 60 години успешно делување на Хрватскиот параолимписки комитет (ХПО).
Претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар Драган Дојчиноски, на покана од претседателот на ХПО, Ратко Ковачич, беа дел од овој свечен чин, а на академијата присуствуваа претседатели на повеќе параолимписки комитети од регионот и од Европа, како и претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ), Andrew Parsons, и претседателот на ЕПЦ, Raymon Blondel.
Во билатерален разговор на претседателот на ПНСМ, Јовановски, со претседателите на ИПЦ и ЕПЦ, и двајцата изразија подготвеност да ја посетат Македонија, нашиот параолимписки комитет, и да остварат средби со претседателот на Владата на РСМ, претседателот на Собранието на РСМ, министерот за спорт, како и други носители на одлуки, со цел промоција и зајакнување на спортот на лицата со инвалидност во нашата држава.
Голема благодарност до Ратко Ковачич за поканата за учество на овој грандиозен настан кој беше директно пренесуван на ХРТ1.