Спортска дипломатија: Спортот како алатка за унапредување на национални интереси и надворешно-политички приоритети.
На 15.02.2022 година, во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи, но и преку Зум онлајн конекција, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија во соработка со Владата на Република Северна Македонија и Амбасадата на Република Франција во Скопје, беше одржан меѓународен наслов наречен: Спортска дипломатија- Спортот како алатка за унапредување на национални интереси и надворешно-политичкиприоритети.
Параолимпискиот комитет на Северна Македонија беше присутен на настанот преку претседателот, Бранимир Јовановски (онлајн), и генералниот секретар, Драган Дојчиноски (физичко присуство).
Спортската дипломатија е нов термин кој опишува стара практика: уникатната моќ на спортот да ги зближи луѓето, заедниците и нациите преку физичка активност и спорт. Спортската дипломатија може да се дефинира како свесна, стратешка и редовна употреба на спортот, спортистите и спортските настани од страна на министерствата за надворешни работи и нивниот дипломатски персонал за да се создаде долгорочно и заемно корисно партнерство со цел унапредување на релациите и можностите за развојни, културни, трговски, образовни и туристички можности и инвестиции. Спортската дипломатија има капацитет да го користи спортот за да ги унапреди националните интереси на една земјакако и да го зајакне дипломатското влијание и глобалната репутација. Спортот, исто така, може да генерира значителeн економски развој и да привлече значителни инвестиции за земјите.
Северна Македонија е успешно етаблирана во полето на спортската дипломатија. Во регионот на Западен Балкан, Северна Македонија е една од првите земји кои ја практикува спортската дипломатија на национално и на меѓународно ниво. Во 2021 година, првиот спортско-дипломатски настан за Северна Македонија беше организиран во Букурешт, Романија на маргините на ЕУРО 2020. Фокусот на настанот беа трговијата и инвестициите, како и создавање одржливи партнерства меѓу Северна Македонија и Романија.
Франција е една од водечките земји во светот со развиена стратегија за спортска дипломатија и прва држава која во редовите на Министерството за надворешни работи ја има ангажирано г-ѓа Лоренс Фишер во улога на амбасадорка за спортска дипломатија. Нејзиниот фокус на работа е афирмација на Франција на интернационална сцена, привлекување на инвестиции и одржување на мега спортски настани во Франција.
Теми на дискусија беа:
· Спортот како алатка за дипломатски цели и постигнување на надворешно-политички приоритети
· Спортот како алатка за економски развој и привлекување на инвестиции
· Спортот како платформа за афирмација на вредности и креирање на одржливи партнерства
Воведни обраќања имаа:
-Бујар Османи, Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија
-Сирил Баумгартнер, Амбасадор на Франција во Република Северна Македонија
Потоа следеа презентации и дискусии поделени во 3 панел групи и тоа:
ПАНЕЛ I. Спортот како алатка за дипломатски цели и постигнување на надворешно-политички приоритети
-Керол Гомез, виш научен соработник во ИРИС за меѓународни спортски прашања
-Силвија Митевска, советничка на премиерот на Северна Македонија за спорт
-Лоренс Фишер, француска амбасадорка за спортска дипломатија
ПАНЕЛ II. Спортот како алатка за економски развој и привлекување наинвестиции
-Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
-Александар Донев, основач и претседател на Mustseedonia
-Тања Георѓиевска, Програма за зголемување на пазарна вработливост
ПАНЕЛ III. Спортот како платформа за афирмација на вредности и партнерства на грасрут ниво
-Силвија Митевска, советничка на премиерот на Северна Македонија за спорт
-Илина Дишовска, планинарка
-Пулексенија Јованоска, каратистка
Поврзани објави
ОДРЖАН ПРВИОТ ИНИЦИЈАЛЕН СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИТЕ НА ПРОЕКТОТ VIEWS (Volunteering for Inclusion and Empowerment with Sports)
ОДБЕЛЕЖАНИ 15. ГОДИНИ ОД МЕЃУНАРОДНОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА ПАРАОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА ЦРНА ГОРА
ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈ, 60 ГОДИНИ ХРВАТСКИ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ