На 21.03.2022 година, македонскиот стрелачки тим предводен од европската шампионка Оливера Наковска Бикова, имаше прием кај претседателот на Република Северна Македонија Н. Е. Стево Пендаровски.
Во пријатната атмосфера, претседателот Пендаровски истакна:
Честитки за Оливера за освоениот златен медал на Европското првенство во стрелаштво во Хамар, Норвешка.
Особено радува фактот што таа го повтори својот успех, 21 година по освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Данска во 2001 година и ја надополни импресивната листа на своите спортски достигнувања на државно и на меѓународно ниво, меѓу кои е и освоениот златен медал на Параолимписките игри 2012 година во Лондон.
Успесите на Наковска – Бикова се инспирација за целата нација.
Поврзани објави
РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ДАНИЕЛ ДИМОВСКИ
ВТОРО КОЛО КУП НА МАКЕДОНИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МССФ
КОШАРКА ВО КОЛИЦИ – ПРЕКРАСЕН НАСТАН ВО БУЈАНОВАЦ