На 27.10.2018 година се одржаа првите две кола од Лига на Македонија во пинг понг за спортисти со инвалидност. Домаќин на натпреварот беше Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, главен судија Мики Трендафиловски, комесар на лигата Драган Дојчиноски, а натпреварот го отвори Генералниот секретар на Општинскиот сојуз на спортови Куманово, Александар Димковски, кој во името на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги поздрави присутните спортисти и им посака фер и коректна борба, како и успех.
На табелата по две одиграни кола, на делба на првото место се наоѓаат екипите на ССРИ Куманово и ССРИ Кисела Вода-Скопје, третото место го делат екипите на ССРИ Прилеп и ССРИ Битола со по 2 поена, додека петтото место го делат екипите на ССРИ Струмица и ССРИ Скопје II, без освоени поени.
Лигата продолжува на 17.11.2018 години, а домаќин на следните две кола ќе биде ССРИ Прилеп.
Поврзани објави
ПРВО БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА 2025
ЕКИПНО БРОНЗЕН МЕДАЛ ВО КЛАСА 6-7 ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ И МАРЈАН ЗАФИРОВСКИ
БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПИНГ ПОНГ ТУРНИР „ПОДГОРИЦА ОПЕН 2024“