На 07.10.2018 година во салата „Јасмин“ во Кавадарци се одржа државното првенство на Македонија во пинг понг за лица со инвалидност во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски Параолимписки Комитет.
На првенството зедоа учество 23 спортисти со телесен инвалидитет поделени во 4 категории и 8 спортисти со оштетен слух (по 4 во машка и ви женска конкуренција).
За жал, неколку квалитетни спортисти, освојувачи на медали (пред се Страшко Коцевски и Небојша Ташиќ од Куманово, како и Оливера Наковска-Бикова и Томи Јаневски од Битола)), не учествуваа на натпреварот поради повреди и други причини, но таков е спортот, шансите секогаш ги искористува некој друг спортист.
На првенството, иако во сениорска конкуренција, учествуваа и три млади спортисти (Костадин Николов, Кристијан Божиновски и Ивана Трајкова), стипендисти на Агенцијата за млади и спорт на РМ.
По исклучително фер и коректна борба, беа постигнати следните резултати по класи:
МАЖИ – телесен инвалидитет
Класа 3-5
1. Бранимир Јовановски-Куманово;
2. Муштеба Амети – Охрид;
3. Зоран Јовановски – Струмица;
4.Илчо Кангов – Гевгелија;
5. Басил Росомански – Кавадарци
Класа 6-8
1. Рубинчо Ристески – Прилеп;
2.Тони Митровски – Скопје;
3. Марјан Зафировски – Скопје
4. Игорчо Постолов – Струмица
5. Васко Стефановски – Битола
6.Николчо Делов – Кавадарци;
7. Костадин Николов – Струмица;
8. Ванчо Каранфилов – Скопје
Класа 9-10
1. Дејан Алексовски – Скопје;
2. Митко Сотироски – Охрид;
3. Зоран Трајановски – Скопје;
4. Вјечислав Корјакин – Скопје;
5. Кристијан Божиновски – Скопје;
ЖЕНИ – телесен инвалидитет
Класа 6-10
1. Лилјана Мицовска – Кочани;
2. Олга Ристовска – Скопје;
3. Наташа Црвенковска – Битола;
4. Магдалена Делова – авадарци;
5.Тајна Ристеска – Прилеп.
МАЖИ-оштетен слух
1.Илчо Јанчевски – Гостивар;
2.Васко Марков – Скопје;
3.Тихо Русовски – Скопје;
4.Оливер Пејчиќ – Гевгелија
ЖЕНИ-оштетен слух
1. Нина Пејчиќ – Гевгелија;
2. Ивана Трајкова – Скопје;
3. Маја Маркова – Скопје;
4. Татјана Чечерова – Куманово.
По завршување на првенството, претседателот на федерацијата Тихо Русовски и генералниот секретар Драган Дојчиноски, на најдобрите три спортисти по класи им беа доделени медали, а потоа беше организиран заеднички ручек. Средства за ова првенство беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Агенција за млади и спорт на РМ.
Поврзани објави
МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ПИНГПОНГАР, ОГНЕН ИЛИЕСКИ, УЧЕСТВУВАШЕ НА КАМП ВО ГРЦИЈА
ТРЕТО МЕСТО ВО КЛАСА 8 ЗА РУБИНЧО РИСТЕСКИ НА „ПОДГОРИЦА 2022“
МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ „КУМАНОВО 2022“