Бранимир Јовановски избран за претседател на ФСРИМ-МПК
На изборната седница на Собранието на ФСРИМ-МПК на 25.02.2009 година, по предлог на кандидационата комисија беше избран Бранимир Јовановски – старо-новиот претседател.
Со аплауз од присутните членови на Собранието кој значеше поддршка и одобрување на неговата дотогашна работа и залагање, но и верба во неговите идеи за зајакнување на позицијата на ФСРИМ-МПК и нејзина потполна афирмација во областа на спортот во Република Македонија, со акламација за нов претседател на федерацијата за мандатниот период 2009-2013 година повторно беше избран Бранимир Јовановски.
Бранимир Јовановски се заблагодари за укажаната чест и доверба и понатаму да ја предводи федерацијата на патот кон потполна афирмација бидејќи ФСРИМ-МПК е една од ретките спортски федерации која продуцира врвни спортисти, освојувачи на медали од меѓународни првенства во услови на минимални средства за работење. Токму тоа ќе биде цел во претстојниот период, да се изнајде начин на сигурно и зголемено финансирање од страна на државата. Патот нема да биде лессен но ФСРИМ-МПК има и кадри и сили да се избори за подобра позиција. На крајот од својот поздравен говор Бранимир истакна дека што се однесува до него, тој и понатаму ќе остане она што беше, еден од Вас што работи за сите вас.
Поврзани објави
РАБОТНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ, И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРАОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, БРАНИМИР ЈОВАНОВСКИ
WADA (Светската Антидопинг Агенција) ВО 2021 ЌЕ ОДРЖИ СЕРИЈА НА ВЕБИНАРИ ЗА СПОРТИСТИ
Предлог листи на спортски клубови и активни спортисти за добивање на спортски ваучер