На последниот натпреварувачки ден во Хановер се одржа дисциплината П4-Пиштол слободен избор на 50 метри.
Настапија нашите спортисти Ванчо Каранфилов, кој стрелаше резултат колку што и изнесува минимум нормата за СП Сиднеј 2019, точно 500 кругови и го освои 22-то место, и Александар Јовановски, кој за првпат настапи во ова дисциплина и стрелаше 486 кругови, солиден резултат за почеток на една спортска кариера во ова дисциплина, овој пат доволен за 30-то место.
Резиме на настапот на нашите спортисти на Интернационалното првенство на Хановер 2019 година е еден сребрен медал и две финални борби на Оливера Наковска-Бикова, бронзен медал екипно на 25 метри (ОНБ, ВК, БЈ) и две минимум норми што ги постигна Ванчо Каранфилов за настап на СП во Сиднеј во октомври годинава.
Од нашите спортисти, Оливера и Ванчо ги имаат нормите за сите 3 пиштолски стрелачки дисциплини, а Александар само за воздушен пиштол.
Не очекува подготвителен период во кој нашите спортисти под водство на тренерот Бранимир Јовановски ќе се обидат да ги подигнат своите спортски перформанси и во Сиднеј да се борат за медали и квота за учество на Параолимписките игри во Токио 2020, а на раководството на федерацијата да пронајде финансии да се затвори финансиската конструкција и да се настапи на Светското првенство.
Очекуваме сериозна финансиска поддршка од Агенцијата за млади и спорт, без која нашиот настап на Светското првенство во Сиднеј ќе биде невозможен.
Поврзани објави
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2025
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024