БРОНЗЕН МЕДАЛ ЕКИПНО ВО ИСТАТА ДИСЦИПЛИНА
На Интернационалното првенство на Хановер 2019 година во стрелаштво, учествуваат спортисти од 31 држава, меѓу кои и од 6 држави вон Европа (САД, Канада, Австралија, Кореја, Бразил, Индија).
Нашата репрезентативка и најдобра спортистка Оливера Наковска Бикова, денес во дисциплината Спорт пиштол на 25 метри го освои второто место и сребрениот медал.
Браво за Оливера која беше единствена дама во финалето во борба со седум претставници на „посилниот пол“.
Екипно во истата дисциплина, нашите спортисти Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Бранимир Јовановски, го освоија 3-то место и бронзениот медал во конкуренција на 6 екипи. Само 3 круга не делеа од второто место, а дополнително, Ванчо Каранфилов стрелаше во висина на минимум норма за учество на Светското првенство во Сиднеј, Австралија. Во оваа дисциплина, норма има уште и Бикова (од минатото Светско првенство во Кореја 2018).
Утре Оливера настапува во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри. Очекуваме уште едно финале и уште еден медал, зошто да не.
Машкиот дел од тимот во истата дисциплина (воздушен пиштол) вчера стрелаше далеку под своите можности.
Поврзани објави
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО
8. МЕСТО ЗА ОЛИВЕРА ВО ФИНАЛЕ ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ ЖЕНИ 10м