НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Екипа на Мобилност Македонија на Спортски игри на СПИКС во Србија

Екипа на Мобилност Македонија во состав: Бранимир Јовановски, Елена Давитковска, Зоран Јовановски, Александар Јовановски и Гоце Миновски, учествуваше на 25-тите Републички спортски игри на Сојузот на параплегичари и тетраплегичари на Србија (СПИКС), кои од 31.08 – 02.09.2017 година се одржаа во Борско Језеро со учество на 111 натпреварувачи од вкупно 14 екипи и тоа 11 здруженија од Србија и 3 поканети држави: Македонија, Словенија и БиХ.

Нашите натпреварувачи учествуваа во стрелаштво со воздушна пушка и во атлетика (копје, диск и ѓуле) и постигнаа забележителни резултати освојувајќи 8 поединечни медали (3 златни, 3 сребрени и 2 бронзени) и 1 екипен сребрен медал. Од оваа година домаќините на игрите донеле одлука да и натпреварувачите – гости од другите држави да се натпреваруваат во конкуренција и за пласман и медали согласно пропозициите на домаќинот.

Медали освоија:

Гоце Миновски – атлетика, класа F53: златен медал во ѓуле, златен медал во фрлање бомба и бронзен медал во фрлање чуњ.

Елена Давитковска – атлетика, класа F56: златен медал во диск и сребрен медал во копје (во ѓуле не настапи).

Зоран Јовановски 0 атлетика, класа F55: сребрен медал во диск и сребрен медал во диск (ѓуле не фрлаше).

Бранимир Јовановски, стрелаштво: бронзен медал, сериска воздушна пушка.

Екипно: Второ место, сребрени медали и пехар за екипата: Бранимир Јовановски, Александар Јовановски и Зоран Јовановски.