НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Osijek 2017 World Shooting Para Sport World Cup 2017

Македонските параолимпијци, Бранимир Јовановски (тренер и стрелец) и Ванчо Каранфилов (стрелец), од 20-27.09.2017 година учествуваа на Светскиот куп во стрелаштво кој се одржа во Осијек – Хрватска. Настапот се случи благодарение на дополнителните средства добиени од Агенцијата за млади и спорт на Македонија, како и настојувањата на домаќинот на натпреварот – Хрватскиот Параолимписки комитет, да настапиме, бидејќи само Македонија ќе немаше претставник од државите во регионот.

Се пријавивме буквално на 2 дена пред почетокот на настанот, и техничкиот делегат од IPC не прими само за настап во малокалибарски дисциплини (P3 и P4). По консултација со нашите стрелци кои ги пукаат овие дисциплини, се случи само двајца наши претставници (по откажувањето на Оливера) да настапат на првенството.

Во P3 – спорт пиштол, нашите натпреварувачи го освоија 11-то (Ванчо) и 16-то место (Бранимир), додека во дисциплината Р4 го освоија 14-то (Ванчо) и 17-то место (Бранимир). Стрелците ги потврдија минимум нормите за учество на Светското првенство во Чеонгју – Јужна Кореа во 2018 година. Повеќе и не можеше да се постигне, со оглед на тоа дека немаше предвидено средства за овој натпревар и немавме сериозно организиран тренажен процес во изминатиот период. Како и да ем резултатите се очекувани и задоволителни со оглед на околностите.

На состанокот одржан во Осијек, беше најавена можност за промена на организаторот домаќин на Светското првенство во 2018 година, поради актуелната политичка ситуација во Северна Кореа. Алтернатива за одржување на првенстовто е Банкок во ноември идната година. Исто така, беше најавен Светски куп 2018 година во Франција на новоизграденото (најголемо во светски рамки) стрелиште во месец септември. До тогаш ќе имаме и доволно време, а се надевам и доволно средства, да се подготвиме како треба и да тргнеме во освојување на нови успеси, нови медали, но и директни квоти за учество на Параолимписките игри во Токио 2020 година. Квалификациите започнуваат идната година, токму на Светското првенство во стрелаштво.