НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ЏОН КОУТС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИОК, НАЈАВУВА ДЕКА ДВИЖЕЊЕТО НА СПОРТИСТИТЕ ВО ТОКИО ЌЕ СЕ ОГРАНИЧИ САМО НА ОЛИМПИСКОТО СЕЛО И БОРИЛИШТЕТО, И ДЕКА ЌЕ БИДАТ ТЕСТИРАНИ НА СЕКОИ 4 ДЕНА

Движењето на спортистите ќе бидат ограничено од Олимпиското село до местата на натпреварување и назад, по нивното пристигнување за Олимписките и Параолимписките игри во Токио 2020, според потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Џон Коутс, кој исто така повтори дека понатамошното одложување на игрите не е опција.
Коутс во интервју за „Sky News Australia“ потврди дека спортистите нема да бидат ставени во карантин при пристигнувањето во Токио, но дека ќе бидат предмет на редовно тестирање за COVID-19 за времетраење на игрите. Мерките се очекува да бидат наведени подетално во „playbooks“ објавени на ИОК и страната на Токио 2020 следната недела. Се очекува мерките да вклучуваат низа правила за спортисти кои треба да ги следат пред да патуваат во Јапонија и по пристигнувањето. Учесниците ќе треба да поминат период на карантин пред да отпатуваат во Токио, и ќе бидат предмет на чести тестирања, вклучително и на аеродромот и во олимпиското село.
Коутс рече дека организаторите се обидуваат да обезбедат олимпиското село да биде најбезбедното место во Јапонија. „Во „playbooks“ ќе бидат дадени упатства што се очекува од спортистите пред да заминат на Игрите, на пример“, изјави Коутс.
„Тие мора да направат тестирање, на плунка и на нос, во рок од 72 часа од патувањето во Токио, како што воведовме во Австралија за луѓето што доаѓаат тука. Тие ќе бидат тестирани при пристигнувањето и ќе бидат тестирани, доколку и понатаму се негативни, на секои четири дена. Во движењето ќе бидат ограничени во Олимпиското село и ќе се превезуваат само до нивното место за натпревар и тренинг, и тоа е тоа, нема да одат во центарот на градот“ – изјави Коутс.
ИОК минатиот месец потврди дека ќе се очекува од спортистите да пристигнат во олимпиското село пет дена пред нивниот настап на Токио 2020 година. Потоа тие ќе заминат најмногу два дена по завршување на настапот. ИОК соопшти дека ова е дизајнирано за да го намали бројот на жители во Олимпиското село и да го минимизира ризикот од изложеност на КОВИД-19.
Изгледите за „затворени врати“ на Олимписките и Параолимписките игри се почесто се најавуваат во последните месеци. Претседателот на светската атлетика федерација, Себастијан Коу, минатата недела изрази увереност дека игрите ќе бидат одржани, но призна дека настанот може да биде принуден да се одвива без гледачи. Според претседателот на Токио 2020, Јошири Мори, одлуката дали ќе им биде дозволено на гледачите да присуствуваат на Токио 2020 ќе биде донесена во март или април. Можеби нема да има странски гледачи. Донесувањето на тие одлуки треба да биде оставено што е можно подоцна.