НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

Викендот, 25-26.03.2023 година, во Конгресниот центар во Охрид, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија, се одржа поединечното Државно првенство во шах за шахисти со инвалидност, на кое учествуваа 20 шахисти од редот на лица со телесен инвалидитет, лица со оштетување на вид и лица со оштетување на слух, меѓу кои и младиот стипендист на федерацијата, Александар Стојчески од Скопје, кој го освои второто место и сребрениот медал.
Се играа 7 кола Швајцарски систем, со темпо на играње од по 30 минути по играч. На потполно слепите лица и на лицата кои имаат проблем со моториката на рацете, им беа додадени на времето екстра 5 минути.
Судија на натпреварот беше Тони Пајдаков, организацијата на целиот настан беше на Драган Дојчиноски, а присутни на првенството беа и претседателот на НФСРИСМ-ПКСМ, Благој Мишовски и претседателот на Параолимпискиот комитет, Бранимир Јовановски.
Во беспрекорна, фер и коректна игра беа постигнати следните резултати:
1. Првото место го освои Горан Војновски, претставник на лицата со телесен инвалидитет -Мобилност Македонија со освоени 5,5 поени (од можни 7);
2. Второто место му припадна на младиот шахист Александар Стојчески, претставник на лицата со телесен инвалидитет -Мобилност Македонија со освоени 5 поени (Бухолц 28,5);
3. Третото место му припадна на Ахмед Доко, претставник на Сојуз на слепи на Северна Македонија со освоени 5 поени (Бухолц 28,0);
Медалите на најдобрите им ги додели претседателот на федерацијата, Благој Мишовски.
Пласман на останатите натпреварувачи:
4. Жарко Селковски, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на РСМ со освоени 5 поени (Бухолц 26,0);
5. Лазар Клачовски, Национален сојуз на слепи на РСМ со освоени 4,5 поени;
6. Тоде Арсов, лицата со телесен инвалидитет -Мобилност Македонија со освоени 4 поени (Бухолц 31,5);
7. Трајче Димов, Национален сојуз на слепи на РСМ со освоени 4 поени (Бухолц 28,0);
8. Зоран Костадиновски, Национален сојуз на слепи на РСМ со освоени 4 поени (Бухолц 26,5);
9. Лиман Лимани, Национален сојуз на слепи на РСМ со освоени 4 поени (Бухолц 23,0);
10. Јанчо Ѓорѓевски, лицата со телесен инвалидитет -Мобилност Македонија со освоени 4 поени (Бухолц 21,5);
11. Даниел Нуневски, лицата со телесен инвалидитет -Мобилност Македонија со освоени 3,5 поени (Бухолц 27,5);
12. Слободан Делев, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на РСМ со освоени 3,5 поени (Бухолц 24,5);
13. Хамди Џемаили, Национален сојуз на слепи на РСМ со освоени 3 поени (Бухолц 22,5);
14. Коста Костов, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на РСМ со освоени 3 поени (Бухолц 21,0);
15. Зоран Новичиќ, Национален сојуз на слепи на РСМ со освоени 3 поени (Бухолц 19,0);
16. Богатин Ников, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на РСМ со освоени 3 поени (Бухолц 16,0);
17. Насер Мустафа, лицата со телесен инвалидитет -Мобилност Македонија со освоени 2,5 поени (Бухолц 24,0);
18. Никола Огненов, Национален сојуз на глуви на РСМ со освоени 2,5 поени (Бухолц 22,0);
19. Тихо Русовски, Национален сојуз на глуви на РСМ со освоен 1 поени;
20. Бурхан Махмудовски, Национален сојуз на глуви на РСМ со 0 поени;
Честитки за освојувачите на медалите, до сите учесници на првенството, а најмногу до нашиот млад стипендист, Александар Стојчески, кој вредно тренира и според кажувањето на неговите конкуренти, на секој турнир е се подобар и подобар во играта.
Средства за организација на државното првенство во шах беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика, од програмата за спроведување на активности на федерацијата за 2023 година.