НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СТРЕЛАШТВО 10М ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МССФ

Денес, 02.04.2022 година, на стрелиштето во Битола, во организација на Македонската спортска стрелачка федерација, се одржа Државното првенство во стрелаштво со воздушно оружје 10м, пиштол и пушка.
Во дисциплината пиштол жени, првото место го освои европската шампионка од Хамар 2022, Оливера Наковска Бикова од СК Работнички, со резултат од 572 кругови 95,93,97,96,94,97), изедначен македонски рекорд. Рекордот го постави на 11.05.2019 година на Интернационалното првенство на Хановер, првпат го изедначи на 25.08.2019 на Гранд При на Нови Сад, а денес по вторпат го изедначува рекордот. На второто место се пласира нејзината клупска колешка од СК Работнички, Натка Лазарева Симовска со резултат од 532 кругови, а на третото Вероника Велковска од СК Стрелец со резултат од 530 кругови.
Во машка конкуренција, првото место го освои олимпиецот Борјан Бранковски, член на СК Стрелец, со резултат од 557 кругови (97,92,91,95,91,91), на второто место се пласира неговиот клубски колега (и претседател на МССФ) Јордан Тасевски со резултат од 555 кругови (93,90,92,91,94,95), додека третото место му припадна на Сашо Тодоров од СК Херој Прилеп, со резултат од 544 кругови (90,86,93,94,91,90).
На првенството настапи и Александар Јовановски, кој со постигнатиот резултат од 543 кругови (90,91,94,91,91,86) го освои четвртото место во дисциплината воздушен пиштол. Не го задржа фокусот во последната серија, и за жал, само за еден круг му побегна бронзениот медал. Одличен гест од Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ) која го вклучи Александар Јовановски во систем на натпревари на МССФ во редовна конкуренција.