-Титули за С.Коцевски и Б.Јовановски од Куманово, Р. Ристески од Прилеп и Љ Мицовска од Кочани;
На 29.09.2019 година во Прилеп се одржа поединечното државно првенство на Македонија во пинг понг за лица со инвалидност, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки Комитет на Северна Македонија.
На првенството зедоа учество 26 спортисти со телесен инвалидитет поделени во 4 категории.
На првенството, иако во сениорска конкуренција, учествуваа и двајца млади спортисти, Костадин Николов и Кристијан Божиновски, стипендисти на Агенцијата за млади и спорт на РМ.
По исклучително фер и коректна борба, беа постигнати следните резултати по класи:
Класа 3-5
- Бранимир Јовановски-Куманово;
- Муштеба Амети – Охрид;
- Зоран Јовановски – Струмица;
- Васил Росомански – Кавадарци;
5.Александар Јовановски-Скопје.
Класа 6-8
- Рубинчо Ристески – Прилеп;
2.Тони Митровски – Скопје;
3.Томи Јаневски-Битола;
- Васко Стефановски – Битола
- Марјан Зафировски – Скопје
- Ванчо Каранфилов – Скопје
7.Дончо Чомбов-Велес
- Костадин Николов – Струмица;
9.Антон Коцески-Велес
Класа 9-10
1.Страшко Коцевски-Куманово;
2.Небојша Ташиќ-Куманово
- Зоран Трајановски – Скопје;
- Митко Сотироски – Охрид;
5.Дејан Алексовски – Скопје;
6.Ненад Диниќ-Скопје
- Вјечислав Корјакин – Скопје;
- Кристијан Божиновски – Скопје;
ЖЕНИ – телесен инвалидитет
Класа 6-10
- Лилјана Мицовска – Кочани;
- Олга Ристовска – Скопје;
- Наташа Црвенковска – Битола;
- Тајна Ристеска – Прилеп.
По завршување на првенството, претседателот на федерацијата, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар, Драган Дојчиноски, на најдобрите три спортисти по класи им ги доделија медалите, а потоа беше организиран заеднички ручек. Средства за ова првенство беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Агенција за млади и спорт.
Поврзани објави
МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ПИНГПОНГАР, ОГНЕН ИЛИЕСКИ, УЧЕСТВУВАШЕ НА КАМП ВО ГРЦИЈА
ТРЕТО МЕСТО ВО КЛАСА 8 ЗА РУБИНЧО РИСТЕСКИ НА „ПОДГОРИЦА 2022“
МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ „КУМАНОВО 2022“