На 28.09.2019 година, во Велес, во организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Велес, а со финансиска поддршка од Општина Велес беа одржани седмото и осмото коло од државната Лига во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет за 2019 година.
Екипата на ССРИ Куманово, во состав: Страшко Коцевски, Небојша Ташиќ i Зоран Трајановски, предводени од тренерот Мики Трендафиловски во дербито на колото ја совлада екипата на ССРИ Прилеп со максималeн резултат од 3:0 и со тоа практично на две кола пред крајот ја освои титулата за 2019 година и го одбрани насловот од минатата година.
Седмо коло:
ССРИ Велес: ССРИ Кисела Вода 0:3
ССРИ Прилеп : ССРИ Скопје II 3:0
ССРИ Битола : ССРИ Куманово 0:3
Осмо коло:
ССРИ Куманово : ССРИ Прилеп 3:0
ССРИ К.Вода : ССРИ Битола 3:2
ССРИ Скопје II : ССРИ Велес 3:1
ТАБЕЛА по одиграни 8 кола:
- ССРИ Куманово (24:2) 16 бодови
- ССРИ Прилеп (19:9) 12 бодови
- ССРИ Кисела Вода (17:13) 10 бодови
- ССРИ Битола (14:18) 6 бодови
- ССРИ Скопје II (9:20) 4 бодови
- ССРИ Велес (1:24) 0 бодови
Последните 2 кола од Лигата ќе се одиграат кон крајот на октомври во Битола.
Поврзани објави
ПРВО БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА 2025
ЕКИПНО БРОНЗЕН МЕДАЛ ВО КЛАСА 6-7 ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ И МАРЈАН ЗАФИРОВСКИ
БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПИНГ ПОНГ ТУРНИР „ПОДГОРИЦА ОПЕН 2024“