CR0ATIA OPEN 2017
Меѓународен пара атлетски митинг
Медали за Дејан Ѓорѓиевски и Ифраим Љута.
На првиот ден настапија нашите спортисти во две дисциплини (освен Зоран кој настапува во втората диск класа F55). Дејан Ѓорѓиевски во микс класа F40, F42 и F46, во конкуренција на пет натпреварувачи го освои третото место и бронзениот медал со резултат од 10,44 метри. Прв во оваа конкуренција беше Матија Слоуп од Хрватска F40 со 9,61 метри но најмногу поени во микс, втор Младен Томиќ од Хрватска со резултат од 12,31 метри.
Ифраим Љута (слабовиден) настапи на 100 метри во конкуренција на три натпреварувачи и со резултат ов 13,28 го освои второто место и сребрениот медал. Со оглед на тоа дека имаше 3 натпреварувачи, бронзениот медал не се додели во оваа дисциплина.
Зоран Јовановски во дисциплината копје микс F54, F55, во конкуренција на 8 натпреварувачи со резултат од 14,67 метри го освои осмото место. Прв во оваа конкуренција беше Милош Жариќ од Србија со 29,10 метри, втор Георги Кирјаков ов Бугарија со 28,01 метри и трет Дражеко Митровиќ од Србија со 24,67 метри.
Елена Давтковска во дисциплината диск во конкуренција на пет натпреварувачки во микс класи F56 и F57 го освои петтото место со резултат од 8,70 метри. Прва беше Иванка Колева од Бугарија (повеќекратен параолимпиец и медалист) со резултат од 21,47 ,етри, второто Јелена Вуковиќ од Хрватска со резултат од 20,28 метри и третото Наташа Собочан од Хрватска со резултат од 13,78 метри.
Никола Пеев во дисциплината диск во конкуренција на 5 натпреварувачи во микс категорија F36, F37, F40, F42, F46 го зазеде петтото место со 20,37 метри. Прв во оваа дисциплина беше Матија Слоуп со 25,62 метри, втор Ерик Фабиан од Хрватска со 27,87 метри, трет Матеј Качмарчик од Хрватска со 29,48 метри и четврт нашиот Дејан Ѓорѓиевски со 24,73 метри.
Нашите спортисти имаа доза на трема и возбуда, ова за нив беше прв голем натпревар, а покрај двата медали, бенефит е искуството и меѓународната класификација која ја поминаа.
Поврзани објави
ПОДГОТОВКИ НА АТЛЕТИЧАРИТЕ СО ИНВАЛИДНОСТ, ПОДДРЖАНИ ОД ПРОГРАМАТА НА ИПЦ ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ ЗА 2024
ЗАВРШИ WPA 14. FAZZA DUBAI 2023 GRAND PRIX
WPA 14. Fazza Dubai 2023 Grand Prix – ЧЕТВРТИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН