НОВ МАКЕДОНСКИ РЕКОРД ОД 572 КРУГА
На интернационалното првенство на Хановер, нашата спортистка Оливера Наковска – Бикова во дисциплината Р2 – воздушен пиштол жени, го освои 4-тото место.
По квалификациите, со нов рекорд на Македонија од 572 кругови, што всушност претставува втор по вредност светски резултат (прв е само светскиот рекорд на иранката Сарах од 577 кругови). Оливера заврши меч без ниту еден кикс, ниту еден погодок под деветка, што е реткост во стрелаштвото и карактеристика само на вистинските мајстори на спортот.
Во финалето перформансите на изведбата не беа на висина на квалификациите. Сето тоа е очекувано заради преголемиот стрес во кој се наоќаат финалистите. Се случи еден лош погодок, потоа уште еден и таа разлика беше тешко да се надополни во преостанатиот дел од натпреварот. Меќутоиа, Оливера се обидуваше да поправи што може да се поправи и да опстане што подолго во финалето. На крајот го освои 4-тото место, заостана самое еден чекор зад третото место кое значи и освојување на медал.
Како и да е, одличен настап на Оливера, добар тест пред престојното Светско првенство во Сиднеј – Австралија во октомври годинава.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО