На 25.02.2023 година, на воздушното стрелиште во Битола се одржа Државно првенство во стрелаштво со воздушно оружје – пушка и пиштол на 10 метри, во категорија на мажи и жени во организација на МССФ.
Се натпреваруваа 12 клубови и околу 100 стрелци во сите дисциплини и категории.
На првенството настапи и македонската светска шампионка во малокалибарски пиштол 50м. и европска шампионка во дисциплината воздушен пиштол 10м, Оливера Наковска Бикова, која со резултат од 554 кругови го освои првото место и титулата државна шампионка.
Настап на првенството имаше и нашиот стрелец Александар Јовановски, кој стрелаше вон конкуренција во категорија мажи пиштол. После коректен почеток, во вториот дел од натпреварот забележа сериозен пад на резултатот и натпреварот го заврши со 533 кругови.
Оливера и Александар ги очекува настап на повеќе меѓународни првенства годинава, а прв од нив е Меѓународното првенство на Хановер 28.04-06.05.2023.
Честитки за Оливера за освоената уште една титула во низа.
Поврзани објави
МАКЕДОНСКИТЕ ПАРАОЛИМПИЈЦИ – СТРЕЛЦИ НА МИНИ ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД
ПОДГОТОВКИ НА АТЛЕТИЧАРИТЕ СО ИНВАЛИДНОСТ, ПОДДРЖАНИ ОД ПРОГРАМАТА НА ИПЦ ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ ЗА 2024
ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ ПО ПОВОД 6 АПРИЛ – СВЕТСКИ ДЕН НА СПОРТОТ